573
Откако пратеникот Кастриот Реџепи изјави дека БЕСА се уште е дел од Владата, генералниот секретар на оваа партија ги отрфли овие информации во гостувањето во ТВ 21.
„Како е можно да бидеме дел од Владата, кога пратеници на Беса преземаа чекор за нејзино уривање. Го повикувам премиерот Заев итно да ги депонира нивните оставки и Собранието да ги утврди што е можно поскоро. Јас и двајца заменици министри ги депониравме оставките. Премиерот треба да ги депонира во Собрание и да видиме точно дали сме или не дел од Владата“, објасни Хоџа.