Хоџа: Правата произлегуваат од бројот на државјани, а не резиденти

by Fokus

Објавувањето на резултатите од пописот во Македонија отвора многу дебата која бара длабинска анализа, но и одговорност од политичките сили кои сакајќи да ја задржат ексклузивноста и нетранспарентноста, денес го преземаат целиот историски товар на еден процес кој за жал отвори многу дилеми и нејаснотии, вели Аријанит Хоџа од движењето Беса.

-Движењето БЕСА уште еднаш го потврдува својот политички став дека процесот на попис на населението е и треба да остане само статистички, а колективните законско-уставни права на етничките заедници, во овој случај на Албанците треба да произлегуваат од бројот на жители кои се државјани на државата, а не по бројот на резидентни жители во државата. Преку нашата анализа на последниот попис на населението во земјата произлегуваат некои пораки кои сакаме да ги споделиме како загриженост со јавноста, потенцира Хоџа.

Според Хоџа погрешните политики, корупцијата, непотизмот, партизацијата на сите институции принудија многу семејства, но пред се многу млади луѓе да ја напуштат државата.

-Факт е дека колку подолго ДУИ ги води државните институции преку неспособни луѓе, партиски приврзаници и оние чии главни заслуги се послушноста кон партијата, толку повеќе Албанци ќе ги напуштат своите родни места. Овој процес на масовен егзодус на Албанците мора итно да се запре, тоа се прави со создавање подобри услови за живот, економска благосостојба, отворање нови работни места, но сето тоа може да се случи само со отстранување од власт на ДУИ, поконкретно на нејзините преставници во Владата. Државата треба што поскоро да оди на предвремени избори, а ДУИ да оди во опозиција, и да се реформира, бидејќи секој ден се докажува дека тие се штетни за иднината на Албанците, а тоа го потврдија и од пописот на населението – истакна Хоџа.

Поврзани новости