Хоџа: Коалицијата на СДСМ и БЕСА е победничка, редефинирањето се однесува за реформите

by Фокус

Генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа, на заедничка прес-конференција со првиот оперативец на СДСМ, Љупчо Николовски, истакна дека оваа коалиција ќе ги подобри меѓуетничките односи.

-Сите, особено Албанците, масовно да ја поддржат нашата мултиетничка коалиција, која е коалиција за иднината. Во нашата коалиција нема големи и мали, туку сме партнери кои се почитуваат. Албанците веќе знаат дека ова е владина коалиција, нема веќе неизвесност, тајни, ловење во матно – рече Хоџа.

Тој појасни дека нивниот концепт за редефинирање, што го промовираа на минатите парламентарни избори во 2016 година, се однесува за реформите.

Поврзани новости