Во рушењето на Владата, во чекорот што е депониран во Собранието, ќе учествуваат нашите пратеници, изјави генералниот секретар на Беса и министер за земјоделство, Аријанит Хоџа во емисијата „200“ на Алсат.
Што ќе биде потоа одлучуваат партиските органи. Не ги затворам опциите дека во иднина ќе можеме да разговараме со СДСМ, ниту со премиерот Зоран Заев, за кој морам да кажам дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на Северна Македонија во евро-атлантските процеси. Едноставно, заеднички интерес е рушење на Владата. Ние да ги дефакторизираме ДУИ, а тие да ја урнат власта. Тоа е првиот чекор што треба да го направиме, вели Хоџа.
Тој додава дека како ќе се преземат следните чекори, дали ќе има нов мандатар кој ќе дојде да не контактира за да разговараме во широки рамки за принципите како ќе функционира Владата, дали ќе има техничка влада или ќе има брзи избори е прашање за кое ќе се разговара по четврток, кога ќе има гласање за недоверба.