648
Продолжуваат внатрепартиските консултации во БЕСА до утврдување на конечното решение за наредните чекори на партијата.
Ова денеска го соопшти генералниот секретар на партијата, Аријанит Хоџа на прес конференцијата во штабот на оваа партија.
„Нашата единствена цел е евроинтеграциското движење на државата. За жал, тука се криминалите на ДУИ. Во Општина Желино ќе се повторува гласањето. Прашањето е – на колку избирачки места ДУИ дозволила да се појават слични појави и дали е вистина дека од 2002 наваму, го користи методот да манипулира со државата. Ова е тотално непочитување на коалиционен партнер. Очигледно дека ДУИ не ги интересира големата слика – време е да се подготват да се менуваат“, истакна Хоџа.