Како опозициска партија, нормално е дека изборите ги гледаме како шанса за промени, така што во 2020 година очекуваме позитивна и оптимистичка година, со промени кај албанскиот политички кампус не само на владејачката партија туку и на владеењето.
Ова го вели генералниот секретар на БЕСА Аријанит Хоџа, во изјава објавена во последниот број на неделникот Фокус.
– БЕСА е спремна и самојстојно да излезе на следните избори и имаме и кадри, идеи и визија за тоа што сакаме да постигнеме, но нормално е дека постои и опција за една принципиелна предизборна коалиција со опозициски албански партии, но и интелектуалци и професионалци кои се заситени од начинот на кој ДУИ ги застапува албанците на власт. БЕСА нема посакуван патнер во однос на постизборна коалиција. Со било кој што може да состави влада и ќе биде спремен да го прифати и заеднички да се реализира платформата и програмата на БЕСА, ние сме спремни да седнеме и договараме заедничко владеење – вели Хоџа.
Тој порачува дека во ниту еден случај нема да прифатат одново отварање на теми преку кои Албанците имаат веќе стекнати права, туку, како што вели, може да зборуваат само за дополнително унапредување на правата на сите граѓани.
Целата сторија прочитајте ја во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.