Претседателот на Сојузот на средношколци, Бленди Ходаи, смета дека досега пропаднаа неколку обиди за реформа на образованието поради отсуство на консултација со директно засегнатите страни.
-Причината зошто имавме реформи во образованието кои никогаш не беа завршени или не беа успешно спроведени во образованието, е фактот што Министерството за образование и наука или други институции, кога почнаа да прават реформи, воопшто не ги консултираа главните актери погодени од овие одлуки – рече Ходаи на АлсатМ.
Тој додаде дека за да има успешни реформи, потребен е и консензус меѓу политичките субјекти.
-Погледнете ја поларизацијата во Парламентот, додека во европските земји кога станува збор за реформа во образованието и младинска политика, за да се подигне стандардот на младите, тие имаат целосен консензус и во Парламентот и во рамките на партиите – истакна Ходаи.