„Мора да користиме сталинистички методи против Украинците“, вели пропагаторот на Путин

by Fokus

Владимир Соловјов, пропагаторот на рускиот претседател Владимир Путин го повика Кремљ да почне да ги користи бруталните „методи“ што ги користеше советскиот диктатор Јосиф Сталин како дел од инвазијата на Украина.

Во неговата емисија на државниот канал Русија 1, Соловјов порача дека руската армија мора брутално да одговори на украинските сили.

Советникот на украинското Министерство за внатрешни работи, Антон Герашченко, сподели кратка снимка од емисијата на Твитер во која Соловјов повика на употреба на методите на истакнатите советски разузнавачи Павел Судоплатов и Лаврентиј Берија.

„Значи, прашањето за нас е, кога ќе почнеме безмилосно да се одмаздуваме? Кога ќе почнеме да ги спроведуваме зборовите на (рускиот претседател) Владимир Владимирович Путин, врховниот командант? – праша Соловјов.

„Ние сме во војна со терористите и тоа мора да се разбере многу јасно. И ние мора да ги користиме методите што беа користени во времето на Сталин. Добро развиената теорија и практика на такви истакнати личности како другарот Судоплатов, кои беа способни да ги решат поставените задачи А другар Берија, не се плашам од тоа презиме“, продолжи тој.

Судоплатов, роден во денешна Украина, бил висок разузнавач во Советскиот Сојуз. Учествувал во големи операции, вклучувајќи го и убиството на ривалот на Сталин и водечки комунист, Леон Троцки во 1940 година.

Берија беше еден од шефовите на тајната полиција на Сталин и вршеше повеќекратни силувања на жени, како и мачење и убиства на многу други.

Во 1953 година, тој беше прогласен за виновен за предавство и егзекутиран.

 

Поврзани новости