466
Собранието со по 65 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, ги изгласа новите министри кои доаѓаат од редот на Алијансата на Албанците, но и министерката од СДСМ која презема еден ресор. Најпрво се гласаше за Кренар Лога кој е нов министер за правда.
Потоа, за Фатмир Меџити кој е нов министер за здравство. Трет беше Азир Алиу кој сега е министер за информатичко општество и администрација. Сите се кадар на Алијансата на Албанците.
Последна беше именувана Каја Шукова за министер за животна средина, а откако ДУИ го препушти овој ресор на СДСМ.
Новите министри дадоа и свечена изјава пред пратениците, со што официјално ги преземаат функциите во Владата.