Јавните личности со голем публицитет кои издржуваат казна затвор се секогаш поголема ‘мета’ од другите осудени лица, односно се под сериозна закана да бидат нападнати, реагира Хелсиншкиот комитет по денешниот физички напад Бојан Јовановски во „Идризово“.
-Тоа говори за тоа колкава е потребата надлежните институции да бидат особено претпазливи кога станува збор за јавни личности кои се соочуваат со закани по нивната безбедност, особено имајќи го предвид фактот што изминатиот период во јавноста се ширеше говор на омраза против ова осудено лице, велат од Хелсиншкиот комитет.
Тие бараат од Управата за извршување на санкциите и КПД Идризово сериозно да испитаат дали Јовановски имал претходни вербални расправии со други осудени лица, дали побарал преместување во други сместувачки капацитети поради безбедносни причини, дали во овој случај можеби има инволвираност и на припадници на затворската полиција, како и по спроведена дисциплинска постапка, соодветно да ги санкционира напаѓачите.