Христијан Мицкоски е преплашен од фактот што на македонската политичка сцена се појавува вистинска опозициска опција која ќе биде препознаена како сериозен политички фактор помеѓу граѓаните, реагира партијата Нова Алтернатива, на чие чело вечерва застана градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
-На денешната конвенција беа поканети претставници на сите политички партии во Македонија, меѓу кои и претставници на ВМРО-ДПМНЕ. За жал ниту Христијан Мицкоски, ниту било кој од раководството на ДПМНЕ не собра храброст да се појави на денешниот настан организиран од нашата партија.
Претседателката Арсовска во изјава за медиуми јасно кажа дека Нова алтернатива ја напушта коалицијата со СДСМ и ќе се бори самостојно за довербата на граѓаните, се вели во реакцијата откако ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ и купиле партија на Арсовска и реагираа на тоа што генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ беше меѓу присутните гости на конвенцијата.