Андоновски: Со валидноста на печатен документ изваден по електронски пат, граѓаните нема да плаќаат двапати

by Fokus

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека со законските измени со кои отсега печатената верзија на документот изваден по електронски пат преку порталот uslugi.gov.mk станува валидна, граѓаните нема да плаќаат двапати како досега кога поради неважење на печатената верзија беа принудени повторно да го вадат истиот документ на шалтерите и за истиот да плаќаат.

– Ново во законот е тоа што не се врши дополнителна проверка што претходно мораше да се направи за документот да биде валиден. Претходно можеше документот да се користи електронски, но неговата печатена верзија не важеше. Сега со измените, печатената верзија на електронскиот документ е целосно валидна, има времен жиг, електронски печат и потпис, појасни Андоновски во вечерашното гостување на телевизија Телма.

Во однос на порталот uslugi.gov.mk, Андоновски рече дека се дигитализирале услуги кои било најлесно да се дигитализираат и токму затоа има услуги што никогаш досега не се искористени или се користени два до три пати.

За дигитализацијата, рече дека наследил состојба во која овој процес бил оставен да пропаѓа, а наследил и три тужби од повеќе милиони евра од Македонската радио телевизија, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Радиодифузија.

Поврзани новости