360
Полицијата привела лице осудено на издржување затворска казна за тешка кражба, соопшти Министерството за внатрешни работи.
„Вчера во 22.45 часот на кеј „13 Ноември“ во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Центар и Бит Пазар – Тим потраги го лишиле од слобода Р.Р.(25) од Скопје. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната“, соопшти МВР.