519
Амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил изјави дека САД не знаат многу детали за вчерашното апсење на тројца Срби од Косово.
-За нив се вели дека се поврзани со злосторства што наводно се случиле пред триесет години. Ќе оставам на другите да заклучат зошто апсењата следеа веднаш по неуспешниот круг на дијалог во Брисел и за време на Генералното заседание на Обединетите нации,изјави Хил.
Хил рече дека верува оти тоа може брзо да се реши и дека би сакал повеќе да зборуваме за соработка, а помалку за апсења.