Инфлуенсерка од редовите на Социјалистичката партија на Србија во Ниш, Ана Гроздановиќ, којашто брои 110.000 следбеници, даде предлог секој негативен коментар упатен кон ликот и делот на претседателот Александар Вучиќ, да биде санкциониран со затворска казна.
Таа изјави дека ваков тип на решение ќе ги вразуми безработниците како би се заштитил претседателот на секој можен начин, бидејќи ова што се случува е плански да му ја црпат енергијата кога пред него стојат големи одлуки.
-Би ги замолила моите политички колеги кои седат во пратеничките клупи, да го кренат гласот и да се изборат за закон со кој би се казнил секој кој ќе остави лош коментар за претседателот на државата. А, за другите посериозни планови против него, да следат уште посериозни казни, наведе Гроздановиќ на својот инстаграм профил.
Таа додава дека, тие храбри момци таман ќе прочитаат по некоја книга, малку ќе се едуцираат и тренираат, како би станале позадоволни со самите себе и како би размислувале за своето однесување во иднина.