Најмладиот пациент во Македонија што оди на дијализа има три години

by Fokus

Најмладиот пациент во Македонија што оди на дијализа има три години, а најстариот околу 90 години. Вкупно 61 лице одат повеќе од 20 години на дијализа или од 20 до 43 години во континуитет на дијализа, кажа Павлинка Балиска, психолог и координатор во Здружението на бубрежно болни граѓани „Нефрон“ кое денеска го одбележа Светскиот ден на бубрегот под мотото „Здрави бубрези за сите: Подготовка за неочекувани ситуации, поддршка на ранливите лица”.

Вулнет Мемеди од Клиниката за нефрологија, го поздрави денешниот настан за подигање на свеста за постоење на бубрежни заболувања.

Иако Клиниката за нефрологија е во секојдневен директен контакт со пациентите на коишто им е неопходен нефролошки третман, сепак пораката што денеска ја испраќаме е дека се задолжителни и понатамошни активности за уште подобра здравствена услуга на пациентите со бубрежна болест.

Како што се, соработка помеѓу лекарите, пациентите но и надлежните институции, што може да придонесе промени во здравствениот систем, нагласи Мемеди.

Поврзани новости