Хезболах утрово од либанска територија истрела 85 ракети врз северен Израел, при што беа повредени три лица, додека израелските сили вршат нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во Либан и се закануваат со интензивирање на нападите, соопшти израелската армија (ИД).
Некои од 85-те ракети на Хезболах беа пресретнати, додека некои го погодија Кирјат Биалик во близина на Хаифа и Морешет, заедници во Долна Галилеја, пишува „Тајмс оф Израел“.
Во нападот на Кирјат Биалик три лица се ранети и причинета е материјална штета, се наведува во соопштението.
Хезболах соопшти дека цел бил објектот на компанијата Рафаел, која произведува одбранбени системи, во областа Хаифа.
Во меѓувреме, израелската војска соопшти дека цели на Хезболах во Либан по првичниот одговор на либанската група на смртоносните експлозии на пејџери и воки-токи од членови на Хезболах во Либан пред неколку дена.
Во соопштението на ИД се посочува дека израелската противвоздушна одбрана останува во состојба на готовност и предупредува дека израелските воздушни напади против Хезболах ќе продолжат и ќе се интензивираат, пишува „Тајмс оф Израел“.