Либанската шиитска, проиранска организација Хезболах најави дека доколку Израел продолжи со офанзивата во Појасот Газа, ќе ги интензивира своите напади.
Тие ќе ги интензивираат нападите врз пограничните области на Израел и врз американските воени бази на Блискиот Исток до „тотална конфронтација.
Во интервју за американската ТВ мрежа NBC News, Наим Касем, заменик генералниот секретар на Хезболах, потврди дека неговата група учествува во конфликтот за да го намали притисокот врз Газа и предупреди дека се почестите напади на Хезболах врз Израел имаат за цел да испратат јасна порака до израелското раководство дека ќе ја прошири копнената операција во Газа ќе има сериозни последици.
„Ако Израел и САД продолжат на овој начин со својата агресија, ја ескалираат агресијата и ја влошат ситуацијата, тоа ќе доведе до целосна конфронтација“, предупреди Касем.
Портпаролот на привремените мировни сили на Обединетите нации во Либан на 6 ноември изјави дека постои зголемена загриженост поради зголемениот број цивилни жртви во спорадичните судири меѓу Хезболах и Израел и предупреди дека непријателствата значително излегуваат од контрола во пограничните области.
Последен пат кога конфликтот меѓу шиитската организација Хезболах и израелската армија избувна во 2006 година, резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН воспостави прекин на огнот во пограничната зона, која сега ја надгледуваат 12.000 мировници од 36 земји.