Либански Хезболах не се стреми да го прошири конфликтот со Израел, но е подготвен да се бори со секаква војна што ќе му биде наметната, изјави заменик-лидерот на Хезболах, Шеик Наим Касем за ТВ Ал Џезира додека судирите и непријателствата продолжуваат на либанско-израелската граница.
Групата Хезболах, поддржана од Иран, разменува оган долж границата со Израел во последните осум месеци, паралелно со војната во Газа.
Меѓународната заедница стравува дека би можел да избие уште поширок конфликт меѓу тешко вооружените противници.
Насилството кое осцилира со месеци, ескалира во последните денови. Хезболах денеска објави дека втор ден по ред лансирал ескадрила дронови во израелската касарна, нарекувајќи го овој потег одговор на смртоносниот израелски напад врз Либан.
Заменик-лидерот на Хезболах, шеикот Касем Ал-Џазири, рече дека намерата на групата не е „да ја прошири војната“, туку да се бори доколку ѝ се наметне конфликтот.
Ова е најлошиот конфликт меѓу Израел и Хезболах откако тие влегоа во војна во 2006 година, а десетици илјади луѓе од двете страни на границата беа принудени да ги напуштат своите домови.