Хезболах изврши напад со нов тип ракета врз гранични позиции на Израел

by Фокус

Нов тип ракета, наречена „буркан“, употребила либанската групација Хезболах во напад на позиции на израелската војска во Џал ал Алам, пренесуваат неколку светски медиуми повикувајќи се на либански медиуми.

Израел одговори со најжестоките воздушни напади досега врз позиции на Хезболах во јужен Либан.

Израелската војска објави дека нејзини авиони гаѓале цели на Хезболах како одговор на претходните напади од либанска територија и дека воздушните напади ги придружувале со артилериски и тенковски оган.

Израел и Хезболах се во граничен воен конфликт откако Хамас изврши терористички напади врз Израел на 7 октомври.

Властите во Израел објавија дека биле погодени терористичката инфраструктура, ракетните складишта и комплекси што ги користи Хезболах.

При вчерашното јавување во живо на водачот на Хезболах, Саид Хасан Насрала, рече дека потенцијалната ескалација на конфликтот, нешто што меѓународната заедница настојува да не се случи, ќе зависи од настаните во Појасот Газа и однесувањето на Израел.

Поврзани новости