2
Наим Касем е избран за нов водач на Хезболах, откако Хасан Насрала беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември, објави либанската милитантна група.
Во соопштението, Хезболах наведува дека Касем е избран поради неговото „придржување кон принципите и целите на Хезболах“, пренесува Ал Џезира.
„Шура Советот на Хезболах се согласи да го избере Неговото Високопреосвештенство Шеик Наим Касем за генерален секретар на Хезболах, да го носи благословеното знаме на ова патување, барајќи од Семоќниот да го води во оваа благородна мисија за водење на Хезболах и неговиот исламски отпор“, се вели во соопштението.
Касем претходно ја извршуваше функцијата заменик генерален секретар на Хезболах.