Либанската милитантна група Хезболах објави дека минатата ноќ лансирала десетици ракети Качуша врз Израел.
Хезболах изјави дека нивниот последен напад врз населбата Беит Хилел во северен Израел бил одговор на израелските напади врз селата Кфар Кила и Деир Сириана во јужен Либан, во кои тврди дека се повредени цивили, објави „Тајмс оф Израел“.
Во исто време, израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека Хезболах во текот на ноќта истрелал бараж од околу 30 ракети од Либан кон Горна Галилеја.
ИД соопшти дека повеќето од ракетите биле пресретнати од системот за воздушна одбрана „Железна купола“, а една ја погодила областа Беит Хилел, додека неколку паднале на отворени подрачја и дека нема извештаи за повредени.
Израелската војска тврди дека погодила фрлач што истрелал ракети од областа Марџајун во јужен Либан, како и од друга инфраструктура на Хезболах во близина.
Исто така, се известува дека ИД со артилериски оган елиминирала цели на Хезболах во селото Одаисех во јужен Либан.
Израелските локални власти соопштија дека имало неколку ракетни напади во близина на Беит Хилел.
Весникот „Инет“ објави дека во таа област избувнале пожари.