Хезболах: Договорот за прекин на огнот со Израел мора брзо да ги прекине борбите

by Fokus

Официјален претставник на либанскиот Хезболах, Махмуд Кмати, денеска изјави дека секој договор за прекин на огнот со Израел, со посредство на САД, мора брзо да ги прекине борбите и да го зачува суверенитетот на Либан.

Изјавата на Кмати се смета за одговор на позицијата на Израел дека ќе продолжи со нападите врз Хезболах дури и во случај на прекин на огнот, посочува Ројтерс.

Во интервју за телевизијата Хезболах, Кмати истакна дека не е ниту преголем оптимист ниту претерано песимист за можностите за постигнување примирје, пренесува Танјуг.

Поврзани новости