Херојот Михајловиќ: За некои сум будала што излегов од болница

by fokus

Тренерот на Болоља, Синиша Михајловиќ е вистински херој во фудбалскиот свет, откако синоќа се појави покрај аут линијата да го води својот тим.

Тој во изминатите 40 дена помина со медицински третмани, откако му беше дијагностицирана леукемија, но српскиот стручњак се појави на отворањето на Серија А со своите играчи.

„Ветував дека ќе бидам со вас. И овде сум. За некои, јас сум будала што излегов од болница. Но, сакав да бидам овде.

Неговата Болоња синоќа ремизираше со Верона (1-1), а Михајловиќ покажа дека е голем борец.

Поврзани новости