Хербст: Има голема можност Северна Македонија годинава да влезе во НАТО

by fokus

Договорот од Преспа е одлично решение за двете земји и ја отвора вратата за поширока соработка на Северна Македонија во Европа што е од посебна важност, изјави за МИА Џон Хербст, директор во Евроазискиот центар во Атлантски совет.

Хербст, кој е поранешен амбасадор на САД во Украина, коментарите за МИА ги даде по повод првата годишнина од потпишувањето на Договорот од Преспа.

На прашањето дали Договорот ќе даде импетус за решавање на преостанатите проблеми во Западен Балкан – нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина во однос на Косово, и ситуацијата во Босна, одговори дека Договoрот е преседан.

-Договoрот е преседан и тоа добар преседан. Но, преседаните постојат за оние земји и лидери кои сакаат да се движат во правилна насока. Ако тие не се заинтересирни да се движат во таква насока тогаш преседанот не работи, рече Хербст.

Хербст е убеден дека годинава Северна Македонија ќе стане 30. членка на НАТО со можност да ги почне преговорите со ЕУ.

-Тоа е на агандата и секако дека набргу ќе се случи, но не сум сигурен колку брзо. Има голема можност Северна Македонија годинава да влезе во НАТО, истакна Хербст.

 

Поврзани новости