554
Најмалку 33 лица го изгубија животот во земјотресот што го погоди Мексико со магнитуда од 8,2 според рихтеровата скала. Според сеизмолозите последниве сто години во Максико немало посилен земјотрес, а прогнозираат дека ќе следат и нови потреси.
-Тоа беше многу силен земјотрес. Посилен од оној што Мексиканците го доживеаја во 1085-та година кога загинаа илјада луѓе – изјави мексиканскиот претседател, Енрике Пена Нието.
Од материјалната штета, до сега се евидентирани срушени, згради, хотели, институции, оштетени болници и голем број домови.
Алармот го вклучи опасноста од појава на цунами во јужното крајбрежје на Мексико. Пацифичкиот центар за предупредување потврди дека е забележан бран на цунами во висина од 0,7 метри.