Хелсиншки комитет се налути на „Балисти“, бара казни за сторителите за говор на омраза

by fokus

Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска преку соопштение најостро го осуди вчерашниот инцидент во Тетово предизвикан од страна на припадници на навивачката група „Балисти’’.

-На објавените видеа од случувањата на тетовските улици на 4 ноември 2018 година, се слушаат песни и извици, каде е забележан говор на омраза и повикување на насилство, по што следело и извршување на дело од омраза, односно фрлање со камења и шишиња врз кафуле полно со гости, наведуваат од Хелсиншкиот комитет.

Воедно, посочуваат дека со посебно внимание ќе го следат разрешувањето на овој инцидент и ќе бараат најстроги казни зa дела од омраза и говор на омраза, чија цел е, наведуваат, предизвикување меѓуетнички тензии и насилство.

ФОТО – ТЕЛЕГРАФ.МК

Поврзани новости