Хелсиншки комитет: Љубе не го пуштаат на викенд, а треба да излезе од затвор за 20 дена!

by Фокус

Типичен пример за селективната казнена политика во затворите е Љубе Бошкоски, кој иако треба да излезе за 20 дена, сепак, не искроистил ниту еден викенд, додека истовремено постои привилегиран круг на затвореници, алармира Уранија Пировска од Хелшиншкиот комитет.

– Во затворите има толкава корупција што може да се купи се, од мобилен телефон до условен отпуст. Она што го добиваме како информација од затворениците и нивните смејства се дека не само што не им се обезбедува храна од затворот, туку приборот за јадење мора да им го обезбедуваат нивните семејства. Притоа има и келии во кои казната затвор ја одржуваат 35 луѓе со само еден тоалет. Секогаш кога сме барале податоци за здравствената состојба на осудениците се провлекува податокот дека голем број од нив имаат хепатит Б, хепатит Ц, голем број од нив се зависници, притоа не добиваат соодветна терапија ниту пак исхрана – вели Пировска.

Таа истакнува дека иако затворот има капацитет за 900 лица, во него моментално казната ја одржуваат 1800 осуденици.

Поврзани новости