Хелсиншки: Државните институции немаат волја да ги решат случаите поттикнати од омраза

by Фокус

Соопштението на владеачката партија во однос на инцидентот на вицепремиерот Владимир Пешевски и сопственикот на Мактел Саше Ивановски наиде на остра критика и од страна на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

Од таму велат дека соопштението кое до јавноста го исптрати владеачката партија е говор на омраза, додавајќи дека последниот напад врз сопственикот на Доказ.мк Марјан Стаменковски е порака дека ваквите напади врз критичарите на власта и во иднина ќе продолжат.

Според најновиот извештај на Хелсиншки  во 2014 и во првите 6 месеци од 2015 година е застапеноста на инциденти и дела од омраза по основ на политичко уверување, врзано со актуелните политички случувања и процеси, односно зачестените и брутални напади на новинари, граѓански активисти и граѓани кои се опозициски настроени.

„Реагирањето на МХК во врска со овие инциденти и напади до надлежните институции или Министерството за внатрешни работи, јавните обвинителства и судовите, и нивните одговори, укажуваат на тоа дека во државата отсуствува добра политичка волја за справување со делата од омраза. Фактот дека има само пет пресуди низ кои се третира институтот дела од омраза, укажува на тоа дека судовите и понатаму не ги препознаваат и процесуираат соодветно делата од омраза и согласно со Казнениот законик“, велат од Хелсиншкиот комитет

Од таму велат дека се единствената организација која има систематски пристап кон овој институт, за разлика од државните институции кон кои се упатувани забелешки и преку извештајот на ОДИХР и Европската комисија за отсуството на документација и статистика, обуки за судии и обвинители за третирање на таквите инциденти и дела.

 

Поврзани новости