По заканите кон новинарката Мери Јордановска, но и кон вработени и директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, Хелсиншкиот комитет за човекови права бара да се активира условната казна што ја имал вработениот во Централен регистар, Емил Јакимовски.
Директорката на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска во изјава за Телма, вели дека поднеле пријава во Министерството за внатрешни работи против Јакимовски за загрозување на сигурноста и и очекуваат да му биде активирана условната казна и да заврши во затвор.
Од Обвинителството пак очекуваат до нив да пристигне кривична пријава за да почнат со истражување. Објаснуваат дека е неопходно за ваков случај да има пријава и да ја добијат приватната комуникација мегу заканувачот и жртвата.