124
Хеликоптер на МВР исфрли над 25 тони вода и го стави под контрола пожарот во атарот на село Цер, кичевско.
-Денеска 22.06.2024 хеликоптер Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици на МВР дејствуваше на пожарот во атар на село Цер, општина Кичево. Хеликоптерот исфрли над 25 тона вода и во координација со силите на терен пожарот е ставен под контрола, соопшти МВР.