Најмалку четири лица загинаа кога хеликоптер на брза помош падна врз болница во Турција! Несреќата се случила во градот Мугла, а на терен се спасувачки екипи. Според првите информации, се работи за хеликоптер кој полетал од Мугла кон Анталија, а до несреќата дошло поради густа магла. Загинаа двајца пилоти, еден лекар и еден член на персоналот, јавуваат турските медиуми.
“Хеликоптерот се урна во болницата при полетување. Имаше густа магла, се истражува причината за несреќата. Четворица членови на нашиот персонал загинаа. Од тука полета за да замине за Анталија. Нема проблем во болницата. Несреќата се случила кога хеликоптерот излетал од пистата“, изјави гувернерот на Мугла, Идрис Акбијик.
Екипите на итната помош се на терен, а на првите фотографии од местото на настанот се гледа урнат хеликоптер на земја, додека зградата на болницата е тешко оштетена.