Ураганот „Хелен“ стана вториот најсмртоносниот ураган во САД во последните 55 години, со бројот на загинати над 160, објави Fox News.
Повеќе од 160 луѓе загинаа во шест држави – Флорида, Џорџија, Јужна Каролина, Северна Каролина, Вирџинија и Тенеси.
Стотици луѓе се уште се водат како исчезнати по ураганот поради прекини на струја и тешкотии во комуникацијата.
Тешко погодените региони, вклучително и делови од западна Северна Каролина, добиваат помош од различни држави додека екипите за итни случаи продолжуваат да се обидуваат да стигнат до изолираните заедници уништени од поплавите.
Сцените од малите градови како што се Чимни Рок, Свананоа и селото Билтмор ги прикажуваат опустошените делови од регионот.
Според гореспоменатата медиумска компанија, првиот најсмртоносниот ураган што ги погодил САД бил ураганот Катрина во 2005 година, кој бил дури и поголем од ураганот Камил, кој го погоди брегот на Мексиканскиот залив во август 1969 година.
Бајден најави дека денеска ќе отпатува за Ешвил, Северна Каролина, а треба да ги посети и Флорида и Џорџија.