Водечкиот светски бренд во областа на едукацијата на деца, преку револуционерна методологија за изучување на англиски јазик како мајчин јазик, Helen Doron English, го прославува својот десетти роденден во Македонија. Од својот почеток пред десет години, Хелен Дорон Македонија континуирано поставува нови стандарди во областа на детското образование и изучувањето на англискиот јазик.
Започнувајќи како револуционерен проект, Хелен Дорон денеска е симбол за квалитет, иновација и трансформација. Нивната уникатна методологија, која комбинира образование со забава, преку уникатни техники и методи за изучување на англискиот јазик на природен и забавен начин успеа да инспирира илјадници деца низ целата земја да го засакаат учењето и да го зборуваат англискиот јазик со самодоверба, течно и со природен акцент.
По повод 10 годишниот јубилеј на Хелен Дорон Македонија, овој викенд во хотел Сириус во Струмица се оддржа голема прослава во која беа присутни сите франшизери и сертифицирани Хелен Дорон учители во франшизната мрежа на Хелен Дорон во Македонија.
На присутните им се обратија најзаслужните поради кои овој бренд постои во државата и успешно функционира 10 години, мастер франшизерите Валентина Динова и Јасмина Шилегова.
Валентина Динова во своето обраќање пред присутните изрази задоволство од постигнатите резултати и рече: „Оваа десетгодишнина е потврда за нашата посветеност кон квалитетот, иновацијата и пред сè, децата на Македонија. Благодараме на сите родители, учителите, франшизери и сите останати кои се дел од нашата заедница кои веруваа во нас и нè поддржуваа во нашиот сон.”
„ Зад нас е декада на инспирација, многу работа, посветеност и трафнсформација. После 10 години, со 17 отворени училишни центри и над 2000 активни ученици, без скормност можеме да кажеме дека сме лидери во неформалното образование во државата и направивме вистинска трансформација во образнованието на децата во нашата држава.
Поминавме многу битки, многу предизвици сите заедно, но останавме силни и посветени,и најважно од се сплотени во нашиот сон.
Секој од нас има своја уникатна приказна што нè доведе тука, но сите имаме една заедничка цел која не спојува – нашата верба во потенцијалот на секое дете. Вербата дека преку квалитетно образование, можеме да ја менуваме судбината на нашите деца, и преку тоа – судбината на целиот свет “– додаде Валентина Динова.
Јасмина Шилегова мастер франшизер на Хелен Дорон Македонија им се обрати на присутните со инспиративен говор: Среќа е нешто кога сами го создавате! Среќа е кога на прв поглед се заљубив во квалитетот на едукативниот метод на Хелен Дорон. Љубовта, трудот, вложеното време, непроспиените ноќи, немаат цена, тоа не се брои со бројки. Сето тоа низ годините го мерев со среќата што ми ја исполнуваше душата и сознанието дека придонесувам за правилно насочување на генерации на деца.
Благодарна сум што сум дел од Helen Doron Global и што ја имам најголемата поддршка. 10 години квалитетна едукација на деца, менаџирање, обуки, конференции, семинари, вложување во себе…
Јасмина додаде: Денес за мене е ден на благодарност. Со оваа работа научив да бидам благодарна. Ви благодарм на сите вас што сте овде. На сите учители кои си го оставате срцето во училницата, на сите франшизери кои 10 години се вложуваат оваа приказна да успее и на целиот тим на Хелен Дорон Македонија за безрезервната поддршка. Сето оваа е наш заеднички успех.
Таа на крај од прославата додели благодарници на сите заслужни и им порача:
Оваа е само почеток. Следува нова декада на развој и трансформација на неформалното образование во Македонија. Хелен Дорон Македонија ќе продолжи да инвестира во квалитетот на образование кое го нуди, на обуки на нашите учители, конференции и во имплементација на нови програми и алатки за учење. Целта е јасна. Менување на животот и можностите за подобра иднина на децата од нашата држава.
За Helen Doron English:
Helen Doron English е светски лидер во едукацијата за деца со присуство во повеќе од 40 држави. Основата на Хелен Дорон едукацијата, е ревулуционерната методологија која се базира на природниот процес на учење на англсики јазик како мајчин јазик со над 20 програми за деца од 3 мсечни бебиња до 19 годишни тинејџери, која денеска е прифатена и ценета од страна на милиони деца и нивни родители низ целиот свет.
☎️ Доколку сакате одблиску да се запознаете со уникатната Helen Doron методологија резервирајте си бесплатен ДЕМО час во еден од ХД училишните центри најблиску до вас
или
‼️ Пријавете се за бесплатен демо час на линкот
🔗 https://forms.gle/kKxB41zkkw4AGbqu5
УПИСИТЕ СЕ во тек❗️
👉Helen Doron Aerodrоm – 078 388 403
👉Helen Doron Centar – 071 293 613
👉Helen Doron Karpos – 078297949
👉Helen Doron Kisela Voda – 078 282 842
👉Helen Doron Kapistec – 070 984 435
👉Helen Doron Cair – 072 206 622
👉Helen Doron Veles – 075 340 443
👉Helen Doron Bitola – 075 232 778
👉Helen Doron Prilep – 077 699 961
👉Helen Doron Ohrid – 077 613 815
👉Helen Doron Stip – 078 757 455
👉Helen Doron Gevgelija – 078 220 391
👉Helen Doron Strumica – 071 242 476
👉Helen Doron Kocani – 071 314 499
👉Helen Doron Kavadarci – 075 448 873
👉Helen Doron Tetovo – 075 277 615
👉Helen Doron Struga – 077 558 962
ПР текст