Тренчевска: Не се работи за занемарување на деветмесечното дете со туберкулоза

by Fokus

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска информираше дека досега не се утврдени елементи на занемарување кај деветмесечното бебе со туберкулоза од Куманово, хоспитализирано на Клиниката за детски болести и посочи оти по направениот увид било потврдено дека не се евидентирани во Центарот за социјална работа.

Таа рече дека ќе ги почекаат извештаите од стручниот тим од Куманово од увидот и потоа ќе ги известат медиумите за состојбата во домот и дали е нешто утврдено дополнително.

-Центарот за социјална работа навреме реагира. Не се утврдени никакви елементи занемарување кај детето во Куманово. Веднаш е направен увид во документацијата, дали се приматели на некакво право, дали се евидентирани во Центарот. Во Центарот во Куманово не се евидентирани. Мајката прима надоместок за трето дете, меѓутоа во периодот кога се родило детето таа е со лична карта од Шуто Оризари и го прима преку Центарот за социјални работи во Скопје. Вчера излегол веднаш на терен стручниот тим од Центарот за социјални работи во Куманово, меѓутоа родителите не се најдени дома, по телефон се контактирани. Вчера родителите со двете останати деца биле овде во Скопје да направат дополнителни анализи за да видат дали и тие имаат некакво заболување и е договорено денеска во текот на денот стручната служба да направи увид во домот на семејството за да видиме дали и каква се состојбата во домот и врз основа на тој наод ќе ги известиме медиумите за она што е од денес утврдено“ – рече министерката Тренчевска.

Таа потенцира дека првично не се работи за занемарување на дете, туку за бебе кое што е родено предвреме и трето дете на мајката и нема никакви индиции дека се работи за некакво занемарување.

Министерката информира дека директорката на Центарот за социјална работа е во комуникација со директорката на болницата.

Поврзани новости