Крвава забава во САД: Еден загинат и 19 застрелани во пукотница

by Fokus

Едно лице загина, а 19 лица се повредени во пукање на голема забава во американската држава Индијана, соопштија денеска локалните власти.

Некои од повредените се во критична состојба, пренесуваат локалните медиуми.

Пукањето се случило нешто по полноќ во Манси, округот Делавер.

„Поради бројот на жртвите и природата на инцидентот, повеќе екипи беа повикани да помогнат“, рече заменик началникот на полицијата во Манси, Мелиса Крисвел.

Засега никој не е уапсен, а причината за пукањето не е објавена.

 

Поврзани новости