Хаварија во Загреб: Гореше гасовод на улица во центарот на градот

by fokus

Четири лица се повредени во пожарот во центарот на Загреб предизвикан со пробивање на гасоводот при поправка на водоводна цевка.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, гасоводната инсталација се запалила околу 23 часот, на локација каде пред неколку часа со багер се копало за да се санира напукната водоводна цевка.

Од противпожарната служба велат дека багерот ја пробил гасоводната цевка, поради што се запалила инсталацијата.

Четворица работници се повредени и згрижени се во болница, пренесе Ен1.

Поврзани новости