294
Најмалку 57 лица денеска останаа затрупани под земја во хаварија во рудник за јаглен во кинеската провинција Внатрешна Монголија, јави државната телевизија ЦЦТВ.
Најмалку 57 лица се водат за исчезнати“, јави телевизијата, а „на местото на несреќата пристигнале повеќе од 200 спасувачи“.
Државната агенција Ксинхуа претходно објави дека околу педесетина рудари останале заробени под земја во уривањето на отворениот коп од рудникот за јаглен во Алкса Лига, на запад од провинцијата.