Хаварија на гасовод во Бугарија ги остави Србија и Романија без достава на гас

by Fokus

На дел од стариот гасовод за пренос на природен гас кон Романија и Романија се случи дефект, соопшти бугарската државна компанија Булгартрансгаз. Како што јави дописникот на МИА од Софија, обезбедени се испораките за Бугарија.

Во 03.15 часот по локално време автоматски е прекинат преносот на природен гас за Романија, а од 7.00 часот прекинато е снабдувањето во правец Србија – Унгарија. По 8.00 часот делумно е обновена доставата за Романија.

Тимови за отстранување на дефектот на претпријатието се на самото место, а оштетениот дел од гасоводот ќе биде заменет во најкраток можен рок. Извршниот директор на Булгартрансгаз, Владимир Малинов, отпатува на местото на инцидентот.

Предизвикана е материјална штета за компанијата, на подрачјето на несреќата нема жртви и не е нанесена материјална штета на трети лица. Засега нема информации дека имало какво било надворешно или намерно мешање во хаваријата на гасоводот што пренесувал гас кон Романија, а во правец Србија-Унгарија.

Поврзани новости