Претседателот на Косово, Хашим Тачи, најави дека по завршувањето на мандатот ќе се повлече од политиката.
-Одлучив, нема да бидам кандидат за претседател во следниот мандат. Две децении се доволни на чело на институциите на земјата, мислам дека има енергија, волја и нови луѓе кои ќе можат да го реализираат последниот процес, по слободата и независноста, членството во НАТО и ЕУ – изјави Тачи за албанската телевизија Ора њуз.
Според него, никој нема да може да ја поткопа стратешката цел на Косово за зачленувањето во НАТО и ЕУ.
-Ова патување не треба да се персонализира со Хашим Тачи, туку со вредности и стандарди на кои ќе работиме во иднина. Мислам да почнам нов живот. Од моја страна во тоа сум категоричен. Не можам да дочекам да дојде февруари и да се ослободам од институционалната, политичката и јавната облека. Не дека сум уморен, туку со најголема волја – порача Тачи.