Хасан е повторно со неговата мајка

by fokus

Хасан, храброто 11-годишно момче кое само патуваше над 1.500 километри од југоисточна Украина до границата со Словачка, повторно е заедно со неговата мајка.

Момчето ја помина земјата со пластична кеса и телефонски број испишан на раката, а неговите фотографии го обиколија светот.

Како што е објавено на официјалната страница на словачката полиција, Хасан имал 20-годишен брат кој живеел и студирал во Братислава. Првин кај него заминале неговите сестри, а потоа мајка му го испратила и него.
Таа не можела да патува со него, бидејќи се грижела за мајка и која тешко се движела.

Сепак, поради стравот од гранатирањето, и мајката на Хасан заедно со неговата баба и нивното куче во понеделникот со воз пристигнале во Словачка. Патувањето било многу тешко и долго, но сепак семејството повторно било заедно.

Како што пишува словачката полиција, се работи за семејство од Сирија, кое пред многу години побегнало од војната во Сирија во потрага по мирен живот во Украина. Таткото на Хасан не бил жив. Ова било втор пат семејството да бега од воениот ужас.

Вики Клинчарова

 

Поврзани новости