Харис од денеска официјално е претседателски кандидат на Демократите

by Fokus

Во Чикаго денеска почнува Демократската национална конвенција на која треба да биде официјализирана номинацијата на Камала Харис за претседателски кандидат на Демократите за ноемвриските избори во Соединетите Американски Држави.

Конвенцијата трае четири дена и се очекува да присуствуваат илјадници луѓе, за да се покаже ентузијазам за кандидатурата на Харис, која стана кандидат по повлекувањето на претседателот Џо Бајден.

Главниот дел од програмата ќе се емитува во живо на сите поголеми телевизии, а ќе се емитува и на платформите Hulu, Paramount Plus, Peacock и Max, на YouTube и X каналите на Демократскиот национален комитет и други веб-страници.

Бајден ќе ја отвори конвенцијата со говор кој воедно ќе биде збогум на политичарот кој пред само неколку недели беше кандидат за претседател на Демократската партија, а се очекуваше да ја прифати номинацијата на конвенцијата. Во својот говор, Бајден ќе инсистира дека евентуалното враќање на поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп во Белата куќа ќе претставува закана за демократијата во САД, изјавија помошниците на Бајден, пренесе АП.

Поврзани новости