48
Американската потпретседателка Камала Харис ги отфрли условите на рускиот претседател Владимир Путин за мировни преговори со Украина како „апсурдни“, јави ДПА.
-Мораме да ја зборуваме вистината. Тој не повикува на преговори, тој повикува на предавање, изјави денеска Харис на мировната конференција за Украина во Швајцарија.
САД, како што нагласи, „стои со Украина не од милосрдие, туку затоа што тоа е во наш стратешки интерес“.
Непосредно пред самитот, вчера, Путин побара Украина целосно да се откаже од териториите на Доњецк, Луганск, Керсон, Запорожје и црноморскиот полуостров Крим како услов за прекин на непријателствата.