Харис направи песочна бура во Дубаи, престолнината на луксузот!

by Fokus

Популарниот пејач на народна музика по потекло од Босна, Харис Џиновиќ (73), минатиот викенд имаше два настапи во клубот на хотелот „Хилтон“ во Дубаи, а деновиве на повеќе електронски медиуми се објави видео од забавата, на која присуствувале поранешниот премиер Зоран Заев и актуелниот лидер на СДСМ, Венко Филипче.

Според регионалните медиуми, кои објавија фотографии и видео снимки од забавата со Џиновиќ, тој предизвикал вистинска песочна бура со настапите, и целиот клуб бил на нозе, пеејќи ги неговите хитови.

Влезниците за настапите се продавале по цена од неколку стотина евра, и биле распродадени во рекордно време, пренесоа српските медиуми.

Инаку, хотелот „Хилтон“, во чиј склоп е клубот каде настапуваше музичарот, е елитна локација која нуди разни атракции за своите гости. На страницата на истиот, може да се види дека цените за ноќевање на едно лице се движат од 290 евра, па нагоре.

Околу тоа кој бил поводот за забавата на која се журкаа Заев и Филипче, и дали нешто прославувале, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за „Фокус“ кратко изјави дека не би ги коментирал неговите приватни настани.

Вики Клинчарова

Поврзани новости