Меѓу веројатните гласачи на претстојните американски избори во ноември, демократката Камала Харис води со 50 отсто од гласовите, наспроти 48 отсто за републиканецот Доналд Трамп, според анкетата на ABC News/Ipsos.
Исто така, меѓу регистрираните гласачи, Харис има поддршка од 49 отсто од гласачите, додека 47 отсто од анкетираните изјавиле дека ќе гласаат за Трамп, пишува ABC News.
Кога станува збор за довербата во управувањето со економијата, Трамп има осум проценти предност и води со седум процентни поени пред Харис кога станува збор за решавање на проблемот со инфлацијата во САД.
Републиканецот има предност од 10 поени и за илегалната имиграција, а 56 отсто од гласачите изјавиле дека поддржуваат депортирање илегални имигранти.
Од друга страна, 56 отсто од гласачите го поддржуваат ставот на Камала Харис дека федералната влада треба повторно да дозволи абортус во сите држави, откако тој беше укинат за време на мандатот на Трамп, политика на која републиканците се уште се придржуваат.
Посебна анкета на Њујорк тајмс и колеџот Сиена покажа дека поддршката за Харис кај хиспаноамериканските гласачи е значително намалена, дека таа е повисоко рангирана од последните тројца демократски кандидати за Белата куќа и дека е ранлива за голем број главни прашања, вклучувајќи ја економијата, имиграцијата и криминалот.
Истражувањето исто така покажа дека острите пораки на Трамп против имигрантите во кампањата не ги доведоа латино гласачите до Камала Харис.
Повеќе од една третина од хиспаноамериканските гласачи изјавија дека поддржуваат и изградба на ѕид долж границата меѓу САД и Мексико и депортирање на имигранти кои нелегално живеат во Соединетите држави.
Анкетата на Њујорк тајмс сугерира дека пресвртот на гласачите сепак може да се промени – околу една четвртина од анкетираните рекле дека се неопределени, а оние неопределени гласачи се наклонети кон Камала Харис, пренесува Танјуг.