Кралот Чарлс Трети ќе биде крунисан на грандиозна прослава на 6 мај годинава. Се чини дека голем интерес привлекува доаѓањето на принцот Хари, кој на крунисувањето на својот татко доаѓа сам, без сопругата Меган Маркл и нивните две деца.
Од она што досега и е познато на јавноста, Хари повторно ќе добие „шлаканица“ од семејството, пишуваат медиумите на Островот.
Според британските медиуми, принцот Хари на церемонијата ќе седи дури 10 реда зад останатите членови на кралското семејство.
Според информаците, за очекување е брзо ќе го напушти настанот во Вестминстерската опатија, каде што ќе се одржи крунисувањето.
Предвидувањата се дека во Британија ќе остане само 24 часа, но за тоа засега нема потврда. Тоа значи дека Хари можеби нема да има ниту време да разговара со својот татко или брат за време на неговиот престој во Лондон.
Неговата сопруга Меган, која според многумина е главната причина за раздорот во семејството, ќе остане дома во Лос Анџелес за да се грижи за децата – Лилибет и Арчи.
Двајцата последен пат заедно ја посетија Велика Британија минатата година кога дојдоа на погребот на кралицата Елизабета Втора.