Комерцијална банка, чиј главен извршен директор и претседател на Управниот одбор е Хари Костов, не е заинтересирана да презема банка во стечај, велат за „Фокус“ од банката.
Ова следува откако сопственикот на „Еуростандард банка“, Трифун Костовски по одземањето на дозволата, отвори и дилема дали некому му одговара пропаѓањето на Еуростандард банка, која ја нарече „кокошка што носи златни јајца“, со оглед на тоа што токму оваа банка беше партнер со Македонски пошти и целиот платен промет во поштите, односно во над 300 експозитури, одеше преку неговата банка.
Тој ниту еднаш не го спомена името на Хари Костов, но по оваа негова изјава почнаа да се редат прашањата, дали некој ја мерка зградата на Еуростандард банка, која се наоѓа на атрактивна локација во центарот на Скопје, зошто пред извесно време пропаднаа преговорите со Комерцијална банка, колку пари ѝ должи на Комерцијална банка.
-Истакнуваме дека Комерцијална банка не е заинтересирана за стекнување на банката во стечај, ниту за договорот со Македонски пошти, ниту, пак, за кој било имот на Еуростандард банка, тврдат од банката за „Фокус“
Колкав кредит има одобрено Комерцијална на основачите на Еуростандард банка кои биле внесени за докапитализација и за целиот случај со пропаѓањето на банката читајте во новиот број на „Фокус“.
Фросина Факова-Серафиновиќ