514
По бројните шпекулации дали војводата и војвотката од Сасекс – Хари и Меган ќе присуствуваат на крунисувањето на кралот Чарлс, принцот денеска најави дека ќе дојде на церемонијата, но без сопругата Меган, која ќе остане во Калифорнија со нивните деца, Арчи и Лилибет.
Според Дејли Мејл, Бакингемската палата ја потврдила оваа вест.
„Бакингемската палата со задоволство потврдува дека војводата од Сасекс ќе присуствува на церемонијата на крунисувањето во Вестминстерската опатија“. Војвотката од Сасекс ќе остане во Калифорнија со принцот Арчи и принцезата Лилибет“, изјави портпаролот на палатата.
Церемонијата на крунисувањето ќе се одржи во Лондон на 6 мај.