Принцот Хари, Меган и нејзината мајка беа дел од автомобилска потера со речиси фатален исход, а ги бркале папараци, објави портпаролот на двојката.
Портпаролот на принцот Хари во соопштение рече дека „немилосрдната потера“ траела повеќе од два часа.
Се додава дека речиси дошло до судир со други возила на коловозот, пешаци, полициски службеници.
„Кога си славна личност, тоа носи одредено ниво на јавен интерес, но цената на ова никогаш не треба да ја загрозува нечија безбедност“, рече портпаролот.
„Ширењето на овие фотографии, со оглед на начинот на кој тие се добиени, поттикнува многу наметлива практика која е опасна за сите инволвирани.
Од њујоршката полиција не го потврдија сознанието за инцидентот.
Се вели дека инцидентот се случил по првото јавно појавување на двојката заедно по крунисувањето на кралот Чарлс III претходно овој месец.
Хари и Меган присуствуваа на наградите Women of Vision во Њујорк со нејзината мајка Дорија Рагланд.