Харадинај: Умреа системите кои Курти ги користи безобразно, во Косово е тешка состојбата!

by Fokus

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК), поранешниот премиер Рамуш Харадинај вели дека „ситуацијата во Косово никогаш не била потешка, ниту од егзистенцијален, ниту од безбедносен аспект”, јави дописникот на МИА од Приштина.

„Дефинитивно, ситуацијата во Косово никогаш не била потешка, ниту од егзистенцијален, ниту од безбедносен аспект. Премиерот наместо да дејствува држи литературни и филозофски говори во Собранието. Не се храни народот ниту со идеологии, ниту со сништа. Не се мами со убави зборови… Умреа системите кога народите се хранеа со идеологии и со уметноста и културата кои тие ги продуцираа, а кои премиерот Курти ги користи толку безобразно“, вели Харадинај.

Поврзани новости